Македонија
16. January 2018 - 17:13

Прилепчани се закитија со неколку награди на карневалите во Куратица и Мокриево

Склоноста кон необичниот и прочуен прилепски курназлак и мајтап, и годинава, традиционално, на Василичарските карневали во Куратица и Мокриево, ги однесоа Здруженијата „Преродба“ и „Прочкари“ од каде тие се вратија со неколку награди, меѓу кои една прва, една втора и една специјална награда.

Здружението на жени *Преродба* се претстави со групната маска „Вдовиците од Мртовечко сокаче за Прочка“, а додека „Прочкарите“ со маската „Астерикс и Обеликс“.

Учеството на овие Карневали за прилепските здруженија всушност се увертира за престојниот прилепски Карневал „Прочка 2018“, кој има меѓународен карактер и кој годинава, по 17-ти пат ќе се одржи на 18-ти февруари, односно на празникот „Велики Поклади*.