Македонија
25. July 2018 - 10:30

Прилепчанец жртва на двајца вешти измамници, му ги собрале сите пари со оваа измама

Вчера во 15,30 часот во Полициската станица Прилеп Ѓ.И.(84) пријавил дека истиот ден на градскиот пазар од страна на две непознати лица му била извршена измама при што му одзеле 7.000 франци и 150.000 денари. 

Имено лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.