Македонија
26. March 2019 - 10:26

Прилепчанец со тешки повреди пренесен на скопските клиники - автомобил удрил во него

Прегазен прилепчанец поради тешките повреди бил итно пренесен на скопските клиники.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 06.50 часот на улица „Марксова“ во Прилеп, патничко возило „Фолксфаген Венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(48) од село Дреновци, прилепско, удрило во пешакот А.С.(44) од Прилеп.

Од ударот А.С. се здобил со тешки телесни повреди  и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Изршен бил увид на местото.