Македонија
11. January 2020 - 16:46

Прилепчанец си ги убил поранешната сопруга и нејзината мајка, а го ранил и братот на сопругата

Семејна трагедија во Прилеп, мајка и ќерка биле застрелани од поранешниот зет и сопруг.

Според информациите на СВР Битола, околу 8 часот било пријавено дека на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп се случило убиство. Направен е увид од крим техника од прилепската полиција и јавното обвинителство, а на лице место ги затекнале две безживотни тела со прострелни рани, на 40 годишната А.П. и нејзината мајка Т.П.

Во нив пукал 50 годишниот Н.П, поранешен сопруг и зет. Со прострелни рани се здобил и братот на А.П..

Осомничениот при обид да биде совладан од него е повреден и заедно се пренесени во Општата болница во Прилеп.
Инаку според информациите од јавното обвинителство, осомничениот и веќе починатата сопруга претходно имале нарушени брачни односи и не живееле во заедница. Соседите велат дека мајката и таткото биле мирни луѓе.

Од прилепската болница велат дека братот на А.П. е во стабилна состојба, додека за осомничениот не може се уште да се каже.
-Донесени се лицата со иницијали Н.П и Љ.К. пациентот Љ.К е со прострелни рани во стомакот и на подлактицата од десната рака од, најверојатно, огнено оружје. Другиот пациент Н.П. е со повреди, претежно на главата, отворени рани на лицето, на левото око. Според наодот од компјутерска томографија Љ.К. нема повреди на внатрешните органи, а кај Н.П кој е повреден на главата, нема знаци на внатрешно крварење или за контузија, а раните се од тврд предмет,
нагмечени, изјави д-р Драган Богојески, хирург и директор на Општата болница Прилеп.
-Пациентот Љ.К е стабилизиран, не е во животозагрозувачка состојба и има стабилни витални параметри, пациентот Н.П. добива лекови, интубиран е и е поставен на респиратор и не може да се каже дека не е во животна опасност, вели д-р Маргарите Пирганоска, анестезиолог реаниматолог.
По наредба на Јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место и пратени на вештачење. Издадена е  наредба за обдукција над починатите.

Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој пукаше.