Македонија
7. December 2018 - 11:15

Прилепчанец итно пренесен во болница

Прилепчанец се повредил на своето работно место, констатирани му биле тешки повреди.

Според информациите на МВР, вчера  околу 12,30 часот пријавено е дека на улица „Студенска“ во Битола додека Д.П.(55) од Прилеп поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот, паднал и се здобил со повреди. На Д.П. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.