Македонија
10. July 2017 - 17:42

Прилеп се подготвува за Пиво Фест

Со денешната пладневна промоција на веќе препознатливото “туристичко вовче”, на уникатниот “пивски велосипед”, како и на хостесите облечени во баварски стил, во градот под Марковите Кули започна ситното одбројување до годинашното, јубилејно, 15-то по ред издание на најголемиот балкански Фестивал на пивото и скарата “Пивофест 2017”. 

Инаку, како што веќе е познато, четиридневната фешта на пивото започнува на 13 јули и ќе трае до 16-ти јули. Годинава, стотиците илјади посетители ќе ги забавуваат: “Психомодо поп”, “Амадеус Бенд”, Ален Исламовиќ, Анабела, Елена Велеска, “Тајфата”, “Аѓушеви”, Харис Џиновиќ, Северина и други светски и домашни музички имиња.