Македонија
28. јуни 2017 - 18:55

Прилеп подготвен за 15-от јубилеен фестивал на пивото и скарата Пивофест 2017

“Амадеус бенд”, “Психомодо поп”, Ален Исламовиќ, “Нокаут”, Анабела, Харис Џиновиќ, Северина се само дел од ѕвездите кои оваа година ќе учествуваат на јубилејниот петанесетти по ред Фестивал на пивото и скарата “Пивофест 2017” во Прилеп. На Фестивалот ќе има 25 штандови на кои за прв пат годинава, покрај редовните пива, ќе се служи и: белгиско, ирско, англиско, грчко и саревско пиво.

Според организаторите, имајќи ја предвид целата претходна ситуација во земјава, годинашниот “Пивофест” е организиран во рекордно кратко време. Но, и покрај тоа, истиот е органзиран на најпрофесионално ниво, согласно искуствата од претходните 14  години.

Сите сместувачки капацитети во градот и околината, хотелски и приватни, ставени се на располагање, како и  Кампингот на Могилата, а ќе има и 25 илјади паркинг-места со регулиран влез и излез од градот. “Пивофест 2017” ќе се одржи  од 13-ти  до 16-ти  јули.