Бизнис
24. August 2016 - 20:46

Прилеп лидер според бројот на новоотворени работни места преку Македонија вработува 2

За само месец и половина од почетокот на реализацијата на владиниот проект “Македонија вработува 2”, во Прилеп се реализирани 40 нови вработувања во 25 фирми, а додека со првиот дел од истиот проект, дури 956 активни баратели на работа се обезбедиле со работно место. Според раководителот на прилепскиот Центар за вработување, Филип Димитриески, овој проект се покажал како неверојатно успешен за намалување на невработеноста во општината, а не е за занемарување ниту интересот кој го пројавуваат и невработените, но, и фирмите кои вработуваат.

Бенефит од намалувањето на некогашната армија невработени, има и општината, посочува градоначалникот Марјан Ристески, бидејки со овој проект опфатени се повеке категории работоспособни  граѓани, на различна возраст и со различно образование.

Како што е познато, поволностите од овој проект можат да ги користат фирми кои редовно плакаат даноци, плати и придонеси за вработените.