Прилеп ги завршува подготовките за „Пивофест 2019“, градските власти и јавните претпријатија со препораки
Прилеп ги заокружува подготовките за големата летна забавна манифестација „Пивофест“ која ќе се одржува од 18 до 21 јули. Веќе е затворен за сообраќај делот од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп каде на преку 4.000 метри квадратни ќе се поставуваат штандовите. Организаторите, прилепската локална самоуправа и скопскта фирма „Баги комуникации’ најавуваат голема забава за сите посетители од земјава и од регионот, како и учество на голем број познати домашни и странски изведувачи за вкусовите за сите генерации. Организаторите гарантираат безбедност, но имаат препораки за одржувањето на јавната чистотоа за време на Пивофест.
Во пресрет на почетокот на „Пивофест 2019“, од прилепското јавно претпријатие „Комуналец“ е издадена согласност за поставување времени локации за собирање и отстранување отпад и за одржување на хигиената. За време на фестивалот, јавното претпријатие ќе собира, селектира и ќе отсатранува отпад грижејќи се за хигиената. За овој временски период ќе бидат ангажирани околу 70 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.
Тековно, се врши комплетно миење на улиците, тротоарите и на плоштадите во централното градско подрачје, како и темелно чистење и миење на улиците повеќето улици.
Според препораките од прилепски „Комуналец“ кој е одговорен за одржувањето на хигиената на сите јавни простори, опствениците на штандовитесе задолжени за хигиената во закупениот простор.
– Паркирањето возила, дотур на стоки и паркирање на разладни возила не смее да се врши на зелените површини. Да се внимава со секој транспорт да не се уништуваат патеките, ивичниците и зелените површини, препорачувата од рпиелпското јавно претпријатие „Комуналец“ и од локалната самоуправа.
По завршувањето на манифестацијата, ќе се изврши комплетно генерално чистење на просторот каде таа се одржува, а зелените површини за 20 дена ќе бидат доведени во првобитната состојба.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка