Македонија
17. December 2016 - 20:32

Прилеп ги започна подготовките за престојната градска слава Св.Никола

Членките од прилепските здруженијата на жени, традиционално, денеска, со песна и позитивно расположение, започнаа со виткањето на единствените и надалеку познатите “светиниколски” сармичиња со големина на лешник, кои се главниот дел од посната трпеза за престојната градска слава на градот под Марковите Кули – “Св. Никола”.

Годинашните домакини, исто како и претходните во изминатите десет години, откако овој голем празник е патрон на Прилеп, очекуваат дека покровителството ке им донесе: здравје, љубов и благосостојба. 
 
Инаку, благодарение на најголемата порција со посни светиниколски сармичиња, кои беа подготвени во 2008-та година, а чиј број изнесуваше 80.191 сармиче, Прилеп и Македонија за прв пат влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Годинашнното, 11-то издание ке се одржи в понеделник, напладне, во центарот на градот.