Живот
16. April 2019 - 19:00

Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера!

Локалната полиција во градот Мочео во Перу кон крајот на крајот на март годинава ги прегледувала безбедносните камери на улиците и забележалa нешто невообичаено – среде ноќ, во темница, забележале момче кое седи на тротоарот, а бидејќи во близина немало никој, помалку бизарната глетка најпрво кај полицијата поттикнала сомневања.

Дури откако ја зголемиле снимката, сфатиле дека момчето, всушност, пишува нешто во тетратката. Полицијата одлучила да го објави видеото на својата официјална страница на Фејсбук, а деталите за случајот кој наскоро испливале на површина расплакале многумина.

Момчето на снимката е 12-годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордова, а сиромаштија и живот без електрична енергија го натерало домашната работа да ја пишува на улицата, под светлината на уличната светилка.