Македонија
23. October 2018 - 18:04

Пријавено пукање кај гробиштата во Батинци, еве што се случило

Вчера вечер во 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ш.А. пријавил дека во с.Батинци, додека неговиот брат Р.С.(36) се движел со патничко моторно возило „БМВ Х5“, од непосредна близина на гробиштата во с.Батинци неколку лица, од кои двајца Р.С. познавал – З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале.

Повредени лица нема. 

На местото на настанот извршен бил увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот.