Пријавени 104 случаи на морбили за една седмица
Институтот за Јавно здравје соопшти дека за една седмица, односно во периодот од 16.03-22.03.2019, пријавени се вкупно 104 случаи на мали сипаници кои се лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска.
Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 74 случаи се од Скопје, при што 60,8% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус. Останатите 30 заболени се од 9 други градови во Македонија и тоа: Куманово (пријавени се 10 случаи, од нив 8 се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус), Тетово (пријавени се 7 случаи, 6 од нив се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус), Дебар 3 случаи (2 се непотполно вакцинирани), Струга, Кичево, Охрид и Гостивар со по 2 пријавени случаи, (вкупно 8 од кои 6 невакцинирани и со непознат статус
по еден нов случај пријавен е од Велес и од Штип (двата со непознат вакцинален статус).
Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 22.03.2019, во Македонија се регистрирани 659 случаи на мали сипаници, од нив 522 се пријавени во епидемијата во Скопје.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 19 градови од Македонија. Од нив 469 случаи се од Скопје, 57 се од Тетово, 46 од Куманово, 18 од Гевгелија, по 12 случаи има во Струга и Дебар, 10 од Велес, 9 од Гостивар, 7 од Кичево, 4 од Кочани, a во останатите 9 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје (75,9/100.000), Гевгелија (52,3/100.000) и Дебар (43,2/100.000).
Најголем број на случаите се од возрасната група 0-4 години, 265 или 40,2% од вкупниот број. Висок процент на заболени се регистрира и кај повозрасните групи, лицата постари од 30 години учествуваат со 39% (n=257), а лицата од 20-29 години со 12,6%.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 17.252.“, велат од Институтот за јавно здравје.
Ново на Сител
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција