Македонија
4. March 2020 - 19:59

Пријателите на проширувањето: За датум е потребен консензус

6 месеци по воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Кипар, министерот Димитров го пречека својот кипарски колега на првата официјална посета на земјава.

Два дена по објавувањето на позитивниот извештај за Македонија, Никос Христодулидес пристигна со порака дека напродок на земјава мора да биде признаен од страна на европските лидери и дека отпочнувањето на преговорите за членство ќе дадат знаечаен придонес за развој на целиот регион.

кипарската поддршка на следниот самит на европскиот совет беше во фокусот и на средбата која Христодулидес ја оствари и со техничкиот премиер Спасовски.

Извештајот на Европската комисија е охрабрувачки сигнал дека сите земји членки на Европската Унија ќе постигнат согласност за позитивна одлука за отворање на преговори колку што е можно побргу како признание за реформите и за политичката одговорност на земјата да остане верна на европските вредности и на спроведувањето на договорот од Преспа и на договорот со Бугарија, истакнал премиерот Спасовски.

Истите овие пораки биле разменети и на средбата помеѓу кипарскиот министер за надворешни работи и шефот на државата Пендаровски.

Позитивна одлука за Македонија на 26 март во Брисел очекува и опозицискиот лидер, кој вели дека по 12 април преговорите за членство ќе ги води новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија и Кипар во следните месеци ќе се фокусираат на потпишување на повеќе договори за развој на взаемните односи. Првата иницијатива ќе биде потпишувањето на договор за ослободување од двојното одданочување помеѓу двете земји.