„Пријатели“ се враќаат на малите екрани
По последните епизоди на култната серија „Пријатели“ во 2004 година, фановите ширум целиот свет се надеваат дека славната шесторка повторно ќе се спои и ќе сними нови продолженија.
По цела деценија изгледа дека нивната желба ќе се исполни, барем делумно. Имено, како што објави „Ентертејмент Викли“, целата екипа од славната серија повторно ќе се собере кон крајот на јануари на посебно снимање за Ен-Би-Си.
- Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Kудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер ќе се соберат поради ново снимање во чест на режисерот Џејмс Бароус, кое ќе се емитува на 21 февруари, потврди вчера шефот на Ен-Би-Си, Боб Гренблант.
Во специјалната емисија посвете на Бароус, кој режираше сетови цели 40 години и е заслужен за режијата на 15 епизоди од „Пријатели“, ќе се појават и глумците од други славни серии, како „Кафулето Наздравје“, „Фрејзер“ и „Мајк и Моли“.
Иако дел од екипата на „Пријатели“ се сретнаа во неколку наврати во минатото, на исто снимање никогаш не се најдоа сите шестмина глумци кои го толкуваа славното друштво од Њујорк.
Популарноста на серија повторно почна за расте, откако минатата година се најде на понуда во „Нетфликс“.
Ново на Сител
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година