Македонија
9. January 2020 - 12:05

Прифатено обвинението за нарачателите на собраниските настани од 27 април

Кривичниот суд го прифати обвинението за настаните од собранието на 27 април 2017-та година .

„Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани“, се вели во известувањето од судот.

Инаку во овој предмет обвинети за нарачатели на настаните од 27 април се Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

 

Зоран Јаневски