Прифатена кандидатурата на Керим за Генерален секретар на ООН
Кандидатурата на Срѓан Керим, номиниран од страна на Владата на Република Македонија за функцијата Генерален секретар на ООН е официјално прифатена.
Во заедничко писмо од страна на претседателот на 70-то заседание со Генералното собрание, Могенс Лукетофт и постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во ООН, амбасадорката Саманта Пауер, претседател на Советот за безбедност за декември 2015 година, се известуваат сите земји членки на ООН за поднесената кандидатура на македонскиот кандидат.
Во претстојниот период за избор на Генерален секретар на ООН помеѓу јануари и јули 2016 година, Керим ќе оствари средби со претставници на петте постојани членки Русија, Кина, САД, Велика Британија и Франција и 10-те непостојани членки на Советот за безбедност. Предвидени се и настапи и излагања пред значајни регионални организации како Африканската унија, Арапската лига, Европската унија, Организацијата за исламска кооперација, Организацијата на неврзани земји, Унијата на Јужноамерикански земји, како и билатерални средби со високи владини претставници од Африка, Азија, Европа, Латинска Америка и Соединетите Американски Држави.
Изборната постапка предвидува и повеќе настапи пред земјите членки во седиштето на ООН во Њујорк, во Генералното собрание и Советот за безбедност.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност