Македонија
5. August 2017 - 10:36

Прифатен предлогот на МОН за бројот на студенти

Владата ја разгледа информацијата на Министерството за образование и наука (МОН) и ја прифати Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за бројот на студенти за запишување во прва година-прв циклус на студии на јавните високообразовни установи.

Одлуката се однесува на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид, „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Тетово, за учебната 2017/2018 година.