Бизнис
4. July 2018 - 19:40

Прифатен планот за реорганизација на Фени

Се гледа крајот на проблемите во ФЕНИ. Доверителите денеска го прифатија планот за реорганизација. Според Законот, стечајниот судија има три дена да се произнесе по него.

По истекот на роковите за жалба од незадоволните страни, планот ќе може да се спроведе.

За инветситорот  ова е ден за славање во кавадаречкиот гигант.

Дел од доверителите беа за ликвидација на комбинатот, па потоа негово впаричување, на ваквите планови се протиставија и дел од општинските советници.

Против ликвидација беа и работниците кои се задоволни од исходот на денешното рочиште. Задоволни се што и во услови на стечај компанијата не престана со работа, а сега очекуваат зголемување на производтсвто.

Џ Сол, новиот инвеститор во ФЕНИ досега има вложено околу 80 милиони евра односно откупи најголем дел од побарувањата на доверителите. Стечај за кавадарелкиот гигант побараа три банки, кои беа најголеми доверители и кои побаруваа околу 40 милион и евра.