Прифатен амандман на Беса за појаснување на државјанството на граѓаните Албанци
Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно, информира Владата во врска со она што е договорено со партијата Беса на Биљал Касами.
Прифатен е и амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани, појаснува Владата во соопштението во кое потврдува дека се надминати разликите со Беса на Касами околу уставните измени.
Договорено е дополнително во Законот за лична карта да се впише и етничката припадност на граѓаните.
-За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, се додава во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори