Спорт плус
26. October 2015 - 14:17

Прием на Европскиот шаховски вицешампион во Aгенцијата за млади и спорт

 
Изминатите 10-тина дена нашата земја беше одличен организатор на Европскиот  клупски шаховскиот куп.
 
Шахистките на Гамбит Асеко во силна конкуренција го освоија сребрениот медал.
 
Тоа беше и причина за денешната средба во Агенцијата за млади и спорт.
 
Носителката на златен медал на првата табла, Антоанета Стефанова придружувана од првите луѓе на шахот во Македонија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Поводот е освоеното сребро на женскиот тим Гамбит Асеко на  Европскиот клупски куп во шах кој се одржа во Скопје.
 
- Добрата организација на Европското клупско првенство во шах уште еднаш покажа дека во Република Македонија се негува шахот и спортот воопшто и дека Македонија е шаховска Мека, но исто така  е показател дека шаховските работници уживаат огромно реноме во светските шаховски кругови. Во минатото имавме одлични шахисти, 4 од нив се носители на највисокото спортско признание, односно спортска пензија . Исто така имаме одлична шаховска сегашност, и се надеваме на таква иднина во македонскиот шах. Искрено се надевам дека 500-те учесници на Европското клупско во Скопје се чувствуваа добредојдени и дека од нашата држава ќе однесат само позитивни импресии, истакна директорот на АМС Марјан Спасески.
 
-       Иако не има од повеќе држави, нашиот дом е Македонија и шаховскиот тим Гамбит Асеко. Презадоволна сум од освоеното злато на првата табла и среброто за клубот за кој настапувам. Едно реми и четири победи, меѓу кои беше и Костењук е мој голем успех, изјави за новинарите Бугарката Антоанета Стефанова, поранешна светска првенка во шах.  
Организацијата на Европското клупско првенство претставува круна на досегашната работа на шаховските работници во Македонија и наша желба е организација на следната шаховска олимпијада. Освоеното сребро на женскиот состав на Гамбит Асеко е одличен успех, но не е за потценување ни шестото место на машкиот тим, изјави Зоран Стојчевски, претседател на шаховскиот клуб-коорганизатор на Европскиот шаховски куп