Прибе:Потребни се независни политичари за владеење на правото
Правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе смета дека услов за владеење на правото во земјава се независни политичари.
-Тие треба да имаат политичка воља за да го имплементираат владеењето на правото. На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото, изјави Прибе.
Тој ова го истакна на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“.
Според вицепремиерот Бујар Османи, тоа што синоќа лидерите на власта и опозицијата не постигнаа договор, нема да влијае врз евроинтегративниот пат на државата.
-Нов закон за јавно обвинителство не е еден од условите за добивање датум за преговори. Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение, изјави Османи.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море