Балкан
1. April 2019 - 8:35

Прибе ќе ги помага реформите во Босна и Херцеговина

Независниот експерт, Рајнхард Прибе, кој го изготви реформскиот патоказ за Северна Македонија, ќе биде задолжен на сличен начин да помага во Босна и Херцеговина.

Ова го потврди еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за време на неговата посета на Сараево минатата недела.

Рајнхард Прибе, како и за Северна Македонија во 2017, ќе треба да поднесе низа препораки за клучните судски реформи во земјата.

Комесарот Хан го стави акцентот, се разбира, на судството, на економските и социјалните реформи за време на неговата посета, но и на животната средина. Европската Комисија очекува итно назначување на контакт лице за Европол во Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина се надева да добие препорака од Европската Комисија за кандидатски статус во мај. Како и другите земји пред неа, Босна за оваа цел треба да пополни прашалник од над три илјади прашања. Одлуката на ЕК ќе зависи делумно од овие одговори, кои не се уште сите пополнети.

Другата слабост на Сараево е што сѐ уште не назначило влада, Хан порача дека до крајот на мај мора да има извршна власт за европските институции да „имаат соговорник“.

– Не е проблем, но чекаме повеќе од две години, потсети Хан кој смета дека фактот што земјата не е способна да назначи лице на оваа функција толку долго, кажува многу за неспособноста на властите да се согласат и да го спроведуваат одлуките.