Балкан
9. August 2019 - 13:38

При вршење контрола во пицерија повреден инспектор од Управата за јавни приходи на Грција

Со фрактура на раката, службеник вработен во Управата за јавни приходи на Грција е хоспитализиран, откако бил физички нападнат при контрола во пицерија во град од централна Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според информациите од Управата за јавни приходи на Грција, на кои се повикува АНА-МПА, инцидентот се случил додека службеникот пишувал казна за три прекршувања. Го нападнал сопругот на сопственичката на пицеријата. Мажот се обидел, со столица да ја нападне и службеничката од управата, но таа успеала да го избегне нападот, jави дописничката на МИА од Атина.

Напаѓачот за да избегне апсење побегнал од пицеријата, а полицијата трага по него.

Директорот на Управата за јавни приходи на Грција, Георгиос Пицилис за инцидентот ги известил министрите за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис и за финансии, Христос Стаикурас.