Свет
31. August 2017 - 9:25

При уривање на зграда загинаа најмалку четворица во Мумбај

Најмалку четири лица загинаа, а 30 се заробени под зградата која денеска се урна во Мумбај, Индија.

Петкатницата се урна утрово во осум часот и 40 минути по локално време во населбата Бенди Базар, а во неа живееле осум или девет семејства.

Спасувачите досега извлекле 13 луѓе од урнатините, а се претпоставува дека причина за рушењето се монсунските дождови.