Свет
15. August 2020 - 17:52

При уривање на зграда во Русија загинале четворица работници

Четворица работници загинале денеска во Русија, додека работеле на уривање на зграда која се наоѓала веднаш до рудник за јаглен, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Од компанијата „Северстал“ во чија сопственост е рудникот велат дека работниците се од друга фирма и биле ангажирани за уривање на објектот. Несреќата се случила затоа што најверојатно не се почитувале правилата за безбедност при работа.

Производството на јаглен во рудникот Воргашорскаја, лоциран во непосредна билизина на местото на несреќата во северозападна Русија, не е загрозено.