Свет
24. јуни 2021 - 13:05

При уривање на хеликоптер во Кенија загинаа 17 војници

Полициски службеник во Кенија изјави денеска дека 17 војници загинале кога хеликоптерот, со кој летале за време на вежба, се урнал во предградие на главниот град Најроби.

Шест лица со сериозни повреди се спасени на местото на несреќата во Оле-Тепеси, во областа Каџијадо, истакна официјалниот претставник.

Тој потврди дека во хеликоптерот се наоѓале 23 војници.