Македонија
25. February 2016 - 16:38

При семејна расправија во нож тешко повредени татко и ќерка

Од убоди со нож, две лица, татко и ќерка, потешко се повредени, при семејна расправија во долененското село Дебреште.

Повредените итно се пренесени во прилепската Болница од каде информираат дека убoдните рани кај таткото се повеќебројни и се од потежок карактер, додека неговата ќерка прободена е само на едно место. 

Неофицијално, напаѓачот бил поранешен сопруг на повредената.

Според штурите неофицијални информации од соселаните на повредените, поранешниот сопруг Садем У. на 40-годишната сега повредена жена Мерсида У. по неуспешниот обид да ја убеди таа да се врати кај него, извадил нож и ги нападнал неа и нејзиниот татко Илмија Ф., по што се дал во бегство.

Случајот е пријавен во полиција, извршен е увид, како и распит на очевдците, а покрената е и истрага со цел расчистување на случајот.