Македонија
14. January 2019 - 18:03

При претрес на автомобил уапсени две лица од Куманово

Вчера во 15 часот и 30  минути на локалниот пат од Куманово кон село Речица, од страна на полициски службеници при извршена контрола и преглед на  патничко возило „БМВ“, сопственост на 61- годишниот Б.Н од Скопје, а управувано од 23- годишниот С.М и 25- годишниот К.А како сопатник, двајцата од Куманово, биле приведени.

Имено во возилото била пронајдена и одземена кеса со марихуана, по што лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.