Свет
5. December 2016 - 8:50

При пожар во Пакистан загинаа најмалку 11 лица

Најмалку 11 лица загинаа при пожар во хотел во пакистанскиот град Карачи, јави БТА. 

Над 50 лица се повредени во пожарот кој избувнал во кујната на хотелот со четири ѕвезди. 

Се уште не е позната причината за пожарот. 

Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.