Македонија
13. September 2018 - 10:35

При полициски претрес пиштоли и муниција пронајдени во домовите на тројца скопјани

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје, поднесе кривична пријава против лицата М.Д.(40), М.Д.(34) и Т.П.(39), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 5. јули годинава, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените.

При претресот, кај М.Д.(40) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол калибар 7,65 мм, една рамка со шест куршуми со калибар 7,65 мм.

Во домот на М.Д.(34) биле пронајдени и одземени 18 куршуми со калибар 7,65 мм и 13 куршуми со калибар 9 мм. Додека, во домот на Т.П.(39) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм.