Свет
5. September 2018 - 21:57

При пад на хеликоптер во Чешка загина четири лица

Четири лица денеска загинаа откако се урна хеликоптер во западниот дел на Чешка, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Петр Пончар.

Жртвите се уште не се идентификувани, а се уште не е јасно дали сите тие биле во леталото.

Пончар изјави дека хеликоптерот паднал врз покрив на фабрика во индустриска зона во Плзењ.