Свет
23. April 2018 - 17:11

Преживеал напад од мечка, ајкула и змија: Ова момче има неверојатна среќа во несреќа

20 годишниот Дилан Вилијамс од Колорадо, имал неверојатна среќа во несреќа и тоа дури три пати.

Тој преживеал три напади смртоносни предатори- мечка, ајкула и змија.

Овој авантурист последната смртоносна средба ја доживеал на Хаваите, кога го нападнала ајкула додека сурфал.

-Беше лудо. Изгледа дека немам многу среќа, но имам среќа во несреќа, раскажува Дилан за Би-Би-Си.

Уживал во брановите на Пацифичкиот океан кога почувствувал дека нешто го гризнало за нога.

-Видов ајкула под мене. Почнав да ја удирам, ја удрив еднаш и почнав брзо да пливам накај брегот.