-->
-->
Преживеал хорор дури два пати: Маж од Индонезија откри како се соочил со две смртоносни цунами
-->
Рахмат Саифул Бахри го преживеал цунамито во 2004 година од кое беше погодена провинциската област Ачех во Индонезија, а потоа и земјотресот и цунамито што на 28. септември ја погодиле областа Палу.
Бахри раскажа дека за време на земјотресот бил во хотел, се туширал и единствено нешто што му поминало низ глава било да ги земе маицата и пантолоните и да замине на петтиот спрат.
- Знаев дека доаѓа голем бран. Заминав на повисок спрат за да бидам на врвот ако се сруши зградата, раскажал тој пред камерите на BBC.
Тоа искуство, како што изјавил го стекнал за време на земјотресот и цунамиот во Аче.
- Најважно е да не се паничи, порачува Бахри, додавајќи дека видел се што се случувало со неговите пријатели, кои како што вели заминале на ниските спратови и влетале во голем бран.
Како што изјави, мора да бидете мирни за јасно да размислите, и додава дека е многу благодарен на Бога што успеал да ги преживее земјотресите и цунами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право