Македонија
26. May 2017 - 18:38

Презентирано истражувањето „Евалуацијата на програмите за третман и грижа на лица кои употребуваат дрога во Македонија“

Меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги денеска го презентира истражувањето „Евалуацијата на програмите за третман и грижа на лица кои употребуваат дрога во Република Македонија“.
 
Истражувањето е направено според неодамна објавените меѓународни стандарди за третман на растројства од употреба на дрога (UNODC, WHO 2016), со поддршка од Програмата на УНОДЦ-СЗО за третман и грижа на зависност од дрога. Во истражувањето биле вклучени владини институции, граѓанскиот сектор, приватни здравствени организации и корисници на програмите.
 
Раководителката на Националниот центар за превенција и третман на зависност од дроги во Република Македонија и претседател на Меѓуресорска комисија за борба против дроги при Владата, Лилјана Игњатова истакна дека Mакедонија е првата држава во регионот која по меѓународни стандарди прави проценка на квалитетот на програмите.  
 
- Имаме програми многу одамна. Можеби сме најстара земја во регионот која има програми за третман на оваа категорија лица, но првпат правиме проценка на квалитетот на тие програми. Ова го гледаме како огромен предзивик и чекор напред за да можеме да основаме поквалитетни програми базирани на докази и етички програми за третман на оваа категорија лица кои имаат растројства од употреба на дроги, рече Игњатова. 
 
Појасни дека во однос на околните земји имаат подобра опфатеност во програмите. 
 
- Со тоа ќе ги решиме низата социјални проблеми, ќе направиме побезбедни заедници, побезбедно општество и лицата кои употребуваат дроги ќе добијат подобар и поквалитетен живот, истакна Игњатова и додаде дека овие лица најчесто се соочуваат со стигма, дискриминација, со мали вештини за вработување, а за некои се недостапни програмите.
 
Според неа, еден од начините за да се избегне стигматизација е он-лајн интервенција, односно интернет инервенции за самопомош како би опфатиле што поголема група на лица кои употребуваат дроги и кои не сакаат да се појават во институциите. 
 
Одговарајќи на новинарско прашање, таа нагласи дека во последно време во Националниот центар во Скопје немаат вклучено зависник под 18 години, но во Општата болница во Битола има центар каде се вклучуваат лица и под 18 години, но е помлади од 16 години. 
 
Таа смета доколку има специфични програми за жени, опфатеноста на жените кои уптребуваат дрога ќе биде поголема.
 
- Доколку има специфични програми за деца, сигирно ќе ги отвориме вратите за прием на малолетните лица кои упоотребуваат супстанции. Конвенциите велат дека децата мора да се заштитат, односно превенцијата мора да работи. За жал, не во Македонија, во цел свет превенцијата 100 отсто не работи. Покрај развивање на превентивните програми мора да мислиме и на третмански програми, нагласи Игњатова. 
 
Таа потенцира дека во Македонија има дефицит на кадрите кои работат во центрите, затоа што, како што рече, здравствените работници имаат отпор да работат.
 
- Тие не се атрактивни места за работа и потребно е да имаат подготвеност за работа под притисок. Смета дека Медицинскиот факултет треба да развие специјализација по адиктологија, Центарот да се издвои како самостојна институција која ќе има автономија и ќе ги развива сите програми што се потребни, додаде Игњатова.