Презентирани резултатите од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“
Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски денеска ги презентираше резултатите од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, што се реализира како дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија.
Христовски информираше дека е реновирана спортска сала со ѕидови за болдеринг и клајмбинг, обележени се велосипедски патеки со вкупна должина од 40 км, поставени се сувенирници на Гумење, опремена и обучена е спасувачката служба во комбинација со надградени знаења на туристичко угостителскиот сектор во Крушево.
– Љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како врвна дестинација за туризам, поради погодната клима и атрактивните предели во регионот кои отвораат многу можности за уникатни приказни и авантури. Со новата инвестиција од ПЛРК, опциите за адреналински туризам дополнително се зголемуваат, велат од Општината.
Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 44.971.793 денари, од кои 38.899.083 денари се обезбедени од Европската Унија и Владата на Република Македонија, а 6.072.710 денари беа инвестирани од страна на Општина Крушево.
– Благодарение на проектот успеавме да ја збогатиме туристичката понуда на општина Крушево со посебен фокус на активниот туризам. Сега имаме содржини со кои нудиме активности по примерот на многу балкански и европски дестинации и со тоа ја зголемуваме локалната и регионалната конкурентност. Резултатите се евидентни најмногу по зголемување на посетеноста, истакна градоначалникот Христоски.
Тој додава дека имаат најави за спортски подготовки, организирање на фестивали на отворено и повеќе активни туристи кои се љубители на велосипедизам, искачување карпи и спортски сали.
Со поставување на системот за греење и ладење, Христоски посочи дека се овозможува пречек на гости и користење на салата и во зимскиот и во летниот период.
Проектот за локална и регионална конкурентност е проект за развој на туризмот во државата, со кој досега се поддржани 57 потпроекти спроведени во општините, микро и мали претпријатија и асоцијации кои работат во областа на туризмот, во сите десет туристички дестинации во земјата.
Главна цел на проектот е да се зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.
Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Македонија, се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинет на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор