Презентирани мерките самовработување на лица со инвалидитет во кумановскиот Центар за вработување
Мерки за самовработување на лица со инвалидитет беа презентирани денеска на трибина во Центарот за вработување во Куманово. На трибината учествуваа околу 50 лица со инвалидитет, а мерките ги презентираа вработените во Центарот.
Раководителот на Центарот за вработување Куманово, Милорад Тренчевски истакна дека мерката се состои во неповратни средства од 5.000 евра и платени придонеси, а нуди можност за вработување на уште две лица за кои ќе добијат уште по 92.000 денари.
- Лицата со инвалидитет, иматели на идеја, имаат извонредна можност да креираат одржлив бизнис план и да го решат својот статус на невработено лице, изјави Тренчевски.
Досега во Центарот за вработување поднесени се три апликации за самовработување на лица со инвалидитет. Едната се однесува на отварање фирма за молерисување, втората за работилница за тапацирање мебел, а третата за браварска дејност.
Тренчевски информираше дека во евиденцијата на Центарот за вработување Куманово регистрирани се 160 активни баратели и 70-тина пасивни баратели, лица со инвалидност.
Огласот е во тек, но постои можност да се продолжи се додека не се исполни предвидената квота. Предвидена е и поддршка на лицата со инвалидитет преку обезбедување континуирани консултантски и менторски услуги.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО