Македонија
15. September 2016 - 14:56

Презентиран проект за подобрување на општинските услуги во Кочани

Прокетот за „Подобрување на општинските услуги“ и неговите досегашни искуства од спроведувањето денеска беше презентиран во Кочани.

Презентацијата на проектот ја организира Источниот плански регион и на истата присуствуваше и  Министерката за локална самоупрва Ширет Елези и градоначалниците од петнаесетте општини од источниот плански регион, кои со свои прокети учествуваа во овој прокет.

Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски, ја истакна подготвеноста на општината да аплицира со неколку прокети во подобрувањето на општинските услуги, во повеќе сегменти и тоа со прокети од комуналната и патната инфраструктура, изградба на водоснабдителни системи, управување со одпад и слично.

Министерката Елези истакна дека целта на овој пркет е подобрување на транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на општинските услуги во општините учеснички во прокетот, преку обезбедување на финансиска подршка за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

- За новиот програмски период од прокетот „Втор прокет за подобрување на општинските услуги“ финансисран со заем од Мегународната Банка за обнова и развој ќе бидат  наменети 515 милиони евра, истакна Елези.

Беа  презентирани и досегашните искуства од спроведувањето на прокетот како и најава за новиот програмски период на истиот и учество со прокети од страна на општините.