-->
-->
Презентиран проект за отпадни води во Кочанско
-->
Швајцарската консултантска куќа „Ернест Баслер и Партнер“ денеска во Кочани го презентираше проектот за третман на отпадните води, финансиран од Швајцарската агенција за развој со еден милион швајцарски франци.
- Денешната средба всушност беше запознавање на пошироката јавност со проектот за подобрување на инфраструктурата на канализационата мрежа во Кочани и изградба на станица за пречистување на отпадните води. Нашите очекувања од овој проект се големи, пред се во подобрувањето на животната средина, квалитетно собирање на отпадните води и нивно насочување во станицата за пречистување на отпадните води. Исто така со овој проект ќе придонесеме да се подобрат и услугите кон граѓаните од страна на КЈП Водовод, истакна Рето Бухлер, проект менаџер од Швајцарија.
Според Бухлер, Кочани е подготвено за еден ваков проект, кој е од огромно значење за жителите на општината.
Денешната презентација на проектот за третман на отпадните води во Кочани ја следеше и градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев и претставници од КЈП „Солидарност“ кои исто така наскоро ќе се вклучат во реализација на ваков проект.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи