Македонија
9. December 2015 - 13:07

Презентиран Акцискиот план на ДКСК 2016-2019

Подигнувањето на јавната свест на граѓаните за штетноста на корупцијата е најдобриот сојузник и силен инструмент во борбата против корупцијата. Во оваа насока РМ спроведува континуирана јавна кампања за борба против корупцијата, рече министерот за правда Аднан Јашари, на денешната промоција на клучните активности и идни предизвици во превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рамки на одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Во однос на изградбата на системот на интегритет во Република Македонија, министерот Јашари смета дека треба да се преземат повеќе активности и да се вложи повеќе труд во насока на, подвлече, создавање систем на интегритет кој би опфатил низа внатрешни правила на институцииите кои сметаат дека би имало големо значење на коруптивните појави.

Според него, за броба против корупцијата многу е битна визијата и нашите планови за идни активности во ова поле.

- Со цел усогласување со препораките на ГРЕКО од четвртиот круг на евалуацијата, на тема превенција на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите, ќе се изготват измени на законот за спречување на корупцијата, во насока на прецизирање на термините член на семејство и подвижен имот од поголема вредност во контекст на анкетните листови. За примена на законот за укажувачите, донесен во ноември годинава, ќе бидат изготвени подзаконските акти со кои ќе се регулираат внатрешното и надворешното пријавување во приватниот сектор. Наша цел е да се ангажират ресурси и капацитети за да се овозможи целосна практична примена на овој закон, информираше меѓу другото министерот Јашари. 

Министерот за правда посочи дека се преземени низа активности во борбата против корупцијата за ефикасна превенција на легислативен и институционален план, на планот на примена на правото и јакнење на меѓу институционалната соработка. Направени се реформи на политичкиот, економскиот систем и на правосудниот систем. Создадена е, рече Јашари, сеопфатна легислативна рамка за превенција и сузбивање на корупцијата, со нови законски решенија, а создаена е и добро организирана институционална структура за борба против корупцијата со специјализирани тела и единици, преземени се активности за јакнење и едукација на капацитетите на специјализираните тела за борба против корупцијата. 

- Изградбата на современ, ефикасен и независен судски систем усогласен со меѓународните стандарди повисоките стандарди за избор на идните судиите и јавни обвинители, зголемниот буџет на судството, воведување на систем на кариера, бесплатна правна помош... се само дел од реформите спроведени во правосудството во изминатиот период, појасни министерот Јашари.

Според Горан Миленков, претседател на Државната комисија за спречува нма корупцијата (ДКСК) преку 80 проценти успешно е реализирана програмата од 2011-2015. Тој најави дека во Акцискиот план 2016-2019 има пет стратешки цели и тоа јавните набавки, зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на сите институции кои соработуваат за правилно и добро процесуирање на актите на корупција, соработка со НВО и со медиумите.

Пред присутните претставници од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, невладиниот и приватниот сектор, медиумите и претставниците од меѓународните организации, беше презентирано оствареното од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акцискиот план 2011-2015, како и новата Државна програма за превенција и репресија на корупцијатаи за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акцискиот план 2016-2019.