Бизнис
30. January 2020 - 8:40

Презентација на три фактори кои треба да придонесат за развој на индустриските компании во земјава

Забрзан технолошки напредок со изградба на индустриски зони и осовременување на постоечките, енергетски ефикасни технологии и инвестиции во обновливи извори на енергија, како и  усогласување на царинските стапки во земјава со ЕУ за повеќе индустриски производи се трите теми кои ќе бидат во фокусот на денешната прес – конференција на Индустриската комора на Македонија.

На прес – конференцијата што ќе се одржи во Сојузот на стопански комори на Македонија, како што е најавено, ќе бидат детално презентирани трите фактори кои во услови на стабилни економски политики треба да придонесат за развој на индустриските компании во земјава.

Обраќање ќе има Трајан Ангелoски, член на Управен одбор на Индустриската комора.