Бизнис
13. September 2017 - 8:45

Презентација на студија за македонскиот извоз

Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја презентира научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, изработена од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. На промоцијата ќе присуствува и ќе се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. 

Студијата, покрај обработката на извозот како главен сегмент во анализите, вклучува поширок преглед на потенцијалите и можностите на македонската економија со цел да се утврди вистинското место на приватниот сектор во македонското стопанство, врз која основа e потребно да се креира модел што ќе ги поттикне економскиот раст и развој.

Студијата ќе ја презентираат авторот Владимир Глигоров, економски експерт од Виенскиот институт и директорот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии Елизабет Хаген.