Бизнис
19. April 2016 - 8:35

Презентација на Стратегија за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016 - 2021

Во просториите на Општина Аеродром денеска ќе се одржи презентација на неодамна изготвената Стратегија за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016-2021. 

Како што соопшти општината, Стратегијата ќе биде од корист за руралниот дел на општината и претставува појдовна основа за секој индивидуален земјоделец и земјоделско стопанство, кои имаат намера да аплицираат за средства од ИПАРД програмата.