Македонија
16. јуни 2021 - 14:55

Презентација на противпожарна скала во Скопје - се затвора ул.11 Октомври од 18 до 21 часот

- На 16.06.2021 (среда) со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.„11 Октомври“, информираат од Секторот за внатрешни работи Скопје.

За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул.11 Октомври на потег од бул.„Кочо Рацин“ до ул.„Крушевска Република“.

СВР Скопје апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.