Македонија
26. August 2016 - 8:50

Презентација на програмата на Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје

Програмата на Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“, која ќе се одржи во Скопје од 4 до 11 септември, по повод нејзиното прогласување за светица на 4 септември во Ватикан од страна на папата Франциск, ќе биде презентирана денеска во Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.