Македонија
30. October 2015 - 8:38

Презентација на проектот „АРМ – мој вистински дом“ во Скопје и Куманово

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и  началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ќе присуствуваат на презентацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“, организирана во неколку касарни во Скопје и Куманово.

Проектот „АРМ – мој вистински дом“ е еден од приоритетите на Министерството за одбрана и директно ќе влијае на подобрувањето на стандардот на припадниците на Армијата.

Согласно плановите за реализација на проектот „АРМ мој вистински дом“ изработен е основен проект за првата зграда. Во моментов отворен е и Оглас за купување на стан во лична сопственост на кој може да се пријави секој заинтересиран припадник на АРМ.