Бизнис
30. December 2015 - 8:26

Презентација на проектите што ќе ги финансира Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира проектите и официјално ќе ги потпише договорите со претпријатијата избрани за финансирање на вториот повик на Фондот.

Ќе бидат презентирани проектите избрани за финансирање на вториот повик за инструментите Ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и Ко-финансирани грантови и словени саеми за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што е најавено, денеска и официјално ќе бидат потпишани и договорите за финансирање на 17-те претпријатија избрани на овој повик на Фондот за иновации и технолошки развој.

Вториот јавен повик за доделување средства беше отворен за трите инструменти за поддршка од 21. 09.2015 до 21.10.2015. На повикот се пријавија 95 предлог проекти од кои 39 поминаа во фазата на претселекција, а 17 беа избрани за финансирање. Од нив, 10 беа избрани под инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ за кои обезбеден е вкупен износ од 276. 797.000 Евра, односно 17.076.791 денари. Седум проекти беа избрани под инструментот кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации за кои обезбеден е вкупен износ од 600.000 евра, односно 37.013.820 денари.