Македонија
6. October 2015 - 14:55

Презентација на „Православна енциклопедија“

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје утре во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе промовираат „Православна ециклопедија”, а по повод овој настан во четврток во црквата „Св.Софија“ ќе се одржи и концерт на хорот на Подворје на Руската православна црква од Софија.

На настаните ќе присуствува и  Михаил Ефимович Швидкој, специјален претставник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка. 

На презентацијата на енциклопедијата најавени се и обраќања на рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак, архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.