Македонија
16. December 2016 - 8:26

Презентација на планови за поквалитетен воздух во Скопско

Град Скопје денеска ќе презентира План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Скопскиот регион, Краткорочниот план за квалитет на воздухот во Скопскиот регион и Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје.

На презентацијата ќе присуствува градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а поканети се и сите 17 градоначалници од општините во Скопскиот плански регион кои имаат надлежности во областа на заштитата на воздухот од загадување.