Македонија
28. July 2018 - 8:14

Презентација на новата програма „СЕНС“ на „Лице в лице“

Новата програма - „Лице в лице СЕНС“ на уличното списание „Лице  в лице“ денеска ќе биде претставена во Струга во рамки на шестиот Фестивал за процесирање култура „ДримОн“ .

„СЕНС“ како програма на „Лице в лице“ кое е социјално претпријатие за работна интеграција, првенствено ќе се насочи кон лоцирање и решавање на бесмисленостите во општеството што се однесуваат на социјалната сфера и кон подобрување на инклузијата на ранливите поединци.

- Не случајно одлучивме промоцијата на СЕНС да биде на овој фестивал. Отворените умови што стојат зад него го забележале недостатокот на култура во градот и со својата акција даваат соодветен одговор, исто како што СЕНС ќе дава одговор на бесмисленостите кои што ќе ги согледува заедно со нашата заедница, вели Климентина Илијевски, извршна директорка и главна и одговорна уредничка на уличното списание „Лице в лице“. 

„Лице в лице СЕНС“ е развиено во рамки на проектот „Смарт Старт: оддржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации во Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција“.